КЕМЕТ е со седиште и два иновативни центри во Јужна Каролина, САД. Производствени објекти има во Мексико, Кина, Италија, Ангалија, Финска, Шведска, Португалија, Индонезија, Германија, Бугарија.
Производната линија на оваа компанија ги вклучува целокупните технологии за кондензатори вклучувајќи танталум, керамика, алуминиум (органски и електронски), хартиени диелектрици и многу други. Тие имаат примена во речиси сите електронски уреди кои се користат денес и тоа во комјпутерите, телекомуникациските уреди, автомобилската, војната и авионската индустрија, медицинската индустрија и многу други потрошувачки сегменти.
Компанијата произведува кондензатори за бројни производители на оригинална опрема, провајдери и дистрибутери на електроника во светот. Годишното производство се мери во милијарди парчиња.
Корпорацијата Кемет брои 11,000 вработени и достигнува продажба од милијарди американски долари.
На парцела од 4,4 хектари, Кемет електроникс започна со изградба на нова фабрика во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1 со површина од 10,000 метри квадратни. Вкупната инвестиција во две фази ќе достигне 25 милиони американски долари и истата ќе отвори 500 работни места.
Кемет Електроникс ќе произведува стандардни кондензатори, а во иднина производството ќе биде збогатено и со нови производи.