Vrabotuvanje NEWS

Префрли се на десктоп верзијата

Како да напишете CV за во странска компанија

Она што сите го бараат е секако уредно хронолошки напишана биографија и тоа во формуларот за европско CV.

За во Грција вашето Цв треба да личи на “роман“ колку подолго толку подобро, минимум 3 страници а ако напишете повеќе уште подобро.

Во Германија освен што ке треба да напишете каде сте завршиле средно и факултет многу ценет е податокот и доколку кажете каде сте завршиле основно училиште.
Во Англија, Ирска и во САД најважни се вашите претходни работни места не ги интересира вашето образование.

Фотографијата во вашаат биографија е предност во Германија додека англичаните и Американците не сакаат фотографии заради дискриминацијата.
Кое е вашето хоби ги интересира Холанѓаните, Јапонците и финците, а во Норвешка и Германија доколку напишете кое ви е хобито може лесно да бидете избришани од листатат на потенцијални вработени
.
Се што сте работеле до сега вклучувајки и ситни работи задолжително е да ги напишете во Шведска, Белгија и Австралија
Мора да напишете дека сте тимски играч доколку аплицирате за работа во Јапонија, финска и Австралија
Она што е многу важно е задолжително да го напишете позивниот број на вашата земја. Задолжително е и да го ставите бројот на Пасошот и датумот на траење, она што не смеете никако да го правите е да оставите празни полиња во формуларот.

© Вработување NEWS. Сите права се задржани.

Најгоре Десктоп верзија